Се реконструира влезната улица во населеното место Милетково
Во општина Гевгелија продолжуваат градежните зафати
за подобрување на патната инфраструктура. Во Милетково, се асфалтира влезната улица, која е и единствениот пат кој води до населеното место. Со реконструкцијата и асфалтирањето, на оваа улица ќе биде олеснет сообраќајниот пристап на жителите во Милетково, бидејќи беше доста оштетена и небезбедна за одвивање на сообраќајот.
- Во населеното место Милетково после многу години се инвестира во инфраструктурата, што е доказ за посветеноста на локалната самоуправа за подобрување на животот на граѓаните во секое населено место во Општина Гевгелија, истакна Сарамандов, кој денеска изврши увид во градежните работи.