Со промоцијата на стихозбирката „Сонцестој“, заврши „Гевгелиско културно лето“
Со одржувањето на промоцијата на
поетската збирка „Сонцестој“ од Катерина Гогова на платото пред Библиотеката „Гоце Делчев“- Гевгелија заврши „Гевгелиско културно лето“. Станува збор за најновата збирка поезија на младата поетеса, во која се застапени 50 песни, мотивски поврзани со контрасните астрономски појави, поделени во два циклуса- неговото изгревање и заоѓање. Како што истакна Катерина, нејзините стихови се во склад со природата, промената на годишните времиња и природните елементи, задоволна од поканата на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија нејзината книга да биде промовирана во најсончевиот град во рамките на „Гевгелиско културно лето“.
„Гевгелиското културно лето“ внесе „културна“ свежина во гевгелиските летни, понекогаш, жешки ноќи, со богата, разновидна и програма наменети за различни генерации и вкусови. Манифестацијата во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“, ЈОУ Пионерски дом и ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“, а под покровителство на Општина Гевгелија, понуди интересни театарски претстави, музички концерти и настапи на танцови групи, книжевни вечери и репрезентативни ликовни изложби.