Општина Гевгелија меѓу најтранспарентните институции
Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
за мерење на степенот на активна транспарентност на државните институции за 2022 година, Општина Гевгелија е меѓу најтранспарентните инситуции, чија активна транспарентност изнесува 92,9 од 100%. Со ваквиот процент, Општина Гевгелија се наоѓа во групата институции со „многу добра“ активна транспарентност, односно исполнување на обврските од 80% до 100%.
Од испитаните 98 државни институции, Општина Гевгелија е рангирана на 13 место, а меѓу Општините од Југоисточниот регион, годинава, е на второто место.