Обновени спортските реквизити и оградувањето на игралиштето кај Касарната
Општина Гевгелија во изминатиот период изврши
ревитализација на спортските реквизити на игралиштето кај спортско-рекреативниот центар кај Касарната во Гевгелија. Имено, на ова игралиште беа поставени нови голови и мрежи на истите, исфарбани металните обрачи и металните конструкции на кошевите, а на нив обновени и мрежите. Покрај овие зафати, беше санирана и оштететната ограда и влезната врата. Во акцијата на Општина Гевгелија за уредување на ова спортско игралиште се вклучи и ТППЕ- Гевгелија, која изврши миење на игралиштето.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека акцијата за уредување и ревитализација на спортските игралишта во Општина Гевгелија е со цел граѓаните и децата да имаат пристап до нормални услови за спорт, рекреација и одмор, за што Општина Гевгелија, како локална самоуправа постојано се залага за подобрување на условите за развој на спортот и вложува во спортската инфраструктура.