Увид во градежните активности за реконструкција на објектот на ОО Црвен крст- Гевгелија
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов
заедно со генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, д-р Саит Сити направија увид во градежните активности за реконструкција на новата зграда на Црвен крст- Општинска организација Гевгелија. При увидот, беше остварена и средба со организациониот секретар, Лазар Мешков, на која стана збор за динаминаката на изградбата и потребната помош за уредување на просториите од страна на локалната самоуправа.
Како што се одвива целиот процес, беше констатирано дека наскоро се очекува службата да се врати во реновираниот објект, каде ќе ги имаат сите потребни услови за непречено функционирање и остварување на мисијата на Црвениот крст- обезбедувањето хуманитарни услуги за ранливото население.