Советот на Општина Гевгелија ќе заседава на 31 август
Советот на Општина Гевгелија ќе заседава
на 31 август, 2022 година На 14 седница, Советот ќе расправа по Предлог-одлука за кофинансирање на проектот: „Градење инфраструктура за заштита на животната средина и подобрен квалитет на живот“, со кој Општина Гевгелија ќе аплицира на Oтворениот повик на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија. Станува збор за проект со повеќе активности, а една од нив е изградба на фекална канализација во с. Милетково. Исто така, ќе бидат разгледани и Годишните планови за вработување на Општина Гевгелија, ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, како и Годишните извештаи за работата во 2021/2022, Годишните програми за работа во 2022/2023 година и Годишните програми за екскурзии за 2022/23 година на општинските основни училишта. Од работењето на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, на дневен ред на оваа седница ќе се најдат Кварталниот извештај за периодот 1 јануари-30 јуни, 2022 година, Измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2022 и Годишниот план за вработување за 2023 година. Седницата ќе биде одржана во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 10:00 часот.
За работа на седницата, е предложен следниов дневен ред:
1. Предлог-Одлука за кофинансирање на проектот: „Градење инфраструктура за заштита на животната средина и подобрен квалитет на живот“,
2. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на Општина Гевгелија за 2023 година,
3. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување во ЈОУДГ„Детска радост“- Гевгелија за 2023 година,
4. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување во ЈОУ Дом на култура ,,Македонија“- Гевгелија за 2023 година,
5. Предлог-Решение за давање согласност за формирање на паралелки со помал број ученици во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2022/2023 година,
6. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за 2021/2022 година на ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија,
7. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за 2022/2023 година на ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија,
8. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за екскурзии за 2022/23 година на ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија,
9. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за 2021/2022 година на ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија,
10. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за 2022/2023 година на ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија,
11. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за екскурзии за 2022/23 година на ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија,
12. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за 2021/2022 година на ООУ „Климент Охридски“ – Миравци,
13. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за 2022/2023 година на ООУ „Климент Охридски“ – Миравци,
14. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за екскурзии за 2022/23 година на ООУ „Климент Охридски“ – Миравци,
15. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за 2021/2022 година на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци,
16. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за 2022/2023 година на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци,
17. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за екскурзии за 2022/23 година на ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци,
18. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за 2021/2022 година на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија,
19. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за 2022/2023 година на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија,
20. Предлог-Решение за давање согласност на Кварталниот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот од 01.01.2022г. – 30.06.2022 год.,
21. Предлог-Решение за давање согласност на Измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец“-Гевгелија за 2022 година,
22. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2023 година,
23. Предлог-Одлука за исплата на финансиски средства за медицински третман во странство.