14 седница на Советот на Општина Гевгелија: Донесени повеќе одлуки и решенија
На последната 14 седница, Советот на Општина Гевгелија
донесе повеќе одлуки и решенија. Имено, Советот донесе Одлука за кофинансирање на проектот: „Градење инфраструктура за заштита на животната средина и подобрен квалитет на живот“, со кој Општина Гевгелија ќе аплицира на Oтворениот повик на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија. Исто така, предмет на расправа беа Годишните планови за вработување на Општина Гевгелија, JОУДГ „Детска радост“- Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2023 година, како и Годишните извештаи за работата во 2021/2022, Годишните програми за работа во 2022/2023 година и Годишните програми за екскурзии и други слободни ученички активности во 2022/2023 година на општинските основни училишта.
Од работењето на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија на 14 седница, Советот на Општина Гевгелија дискутираше по Кварталниот извештај за периодот 1 јануари-30 јуни, 2022 година, Измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2022 и Годишниот план за вработување за 2023 година. На оваа седница, беше донесена и Одлука за исплата на средства од Буџетот на Општина Гевгелија за лекување на лицето Дамјан Хаџи Николов во странство.