Гевгелиските спортски клубови ја започнаа новата натпреварувачка сезона
ЖРК „Гевгелија“ започна
да се натпреварува во новата сезона во Женската лига, група А, при што првиот дуел го одигра со „Шампион“ од Скопје. Натпреварот заврши со резултат 28:26, за скопскиот „Шампион“. Најмногу голови од гевгелискиот Женски ракометен клуб постигнаа Мери Гичева и Михаела Митревска (9 и 8 погодоци), додека кај противникот Анастасија Митова и Јана Велигденова (7, 5).
Кожуфските фудбалери го одиграа и мечот од четвртото коло на Втората македонска фудбалска лига, на кое издвоија победа над радовишкиот „Детонит Плачковица“. Со постигнатите голови на Костадинов и Кочев, на домашен терен „Кожуф“ го порази противникот со резултат 2:0. Остварувајќи ја првата победа по еден нерешен натпревар и два порази, со освоени 4 бода и на 11 место на табелата.