Донесена одлука за членови во Локален младински совет на Општина Гевгелија
Денеска, Локалното собрание на млади на
Општина Гевгелија ја одржа својата трета седница. На седницата, по пат на тајно гласање, членовите-делегати ги избраа петте члена на Локален младински совет на Општина Гевгелија. Имено, за членови на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија се избрани: Тијана Ристовска, Памела Петровска, Кристијан Алчинов, Атанас Епов и Георги Петков.
По донесената одлука, Локалното собрание на млади на Општина Гевгелија ќе поднесе предлог до Советот на Општина Гевгелија на следната редовна седница да им биде верификуван мандатот на членовите на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, како би започнало ова тело со работа.
Младите со целосна поддршка од Општината активно работат за остварување на целите од областа на младинските политики и младинскиот активизам.