Завршни работи за целосна изградба и опремување на Младинскиот дом во Прдејци
Почна втората фаза од градежните активности
за целосна изградба и опремување на Младинскиот дом во Прдејци. По спроведената тендерска постапка и изборот на изведувач, од денеска започнаа градежните активности за внатрешно уредување и опремување на објектот, како и уредување на дворната површина. За овие зафати од Буџетот на Општина Гевгелија ќе бидат издвоени средства во висина од 6.994.800 денари.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денеска, изврши увид во воведувањето на градежните активности од втората фаза. При што нагласи дека наскоро, на површина од 580 метри квадратни, во центарот на населеното место Прдејци, жителите ќе добијат нов модерен објект кој ќе располага со голема сала за одржување на разни јавни, младински и културни настани, како и придружни простории. Објектот е од големо значење за жителите на Прдејци бидејќи изградбата започнала пред повеќе од три децении, но никако не била реализирана.
Првата фаза од реконструкцијата на Младинскиот дом во Прдејци беше завршена со пренаменетите средствата од ТАВ кои Општина Гевгелија ги доби за реализација на овој проект. Но, за негова целосна изградба и доопремување беа потребни дополнителни средства од Буџетот на Општина Гевгелија.