Улична трка во Гевгелија- „Време е за свет без туберкулоза“
Низ гевгелиските улици, вчера, волонтери во Клубот на младите
на ОО Црвен Крст- Гевгелија, членови на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија, ученици од основните училишта и неколку граѓани доброволци трчаа по повод одбележувањето на Неделата на борбата против туберкулозата (14-21 ноември, 2022 година).
Традиционално, и оваа година, во организација на ОО Црвен крст Гевгелија беше реализирано улично трчање со мото: „Време е за свет без туберкулоза“. Со цел подигнување на свеста за застрашувачките здравствени, социјални и економски последици од туберкулозата, зголемување на превецијата од нејзино заболување и напорите да се стави крај на глобалната епидемија. За што, покрај трката, беше спроведена и информативна сесија од страна на волонтерите во Клубот на млади на ОО Црвен крст Гевгелија во централното градско подрачје, а збогатена и со музичка програма.