Зголемен Буџетот на Општина Гевгелија за 4,3%
Покрај усвоениот Квартален извештај, на 15 седница,
Советот на Општина Гевгелија ги усвои и Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, кои уследија по зголемените блок-дотации и зголемената дотација на ДДВ на Oсновниот буџет. Согласно известувањето од Министерството за финансии, Буџетот на Општина Гевгелија е зголемен за 22.318.693 денари или за 4,3%.
Вкупно проектираните буџетски приходи за оваа година, во износ од 492.628.643 денари, се зголемени на 514.947.336 денари. Приходите на Основниот буџет се зголемени за 9.110.773 денари, а на блок-дотациите за 15.081.576 денари. Согласно зголемените блок-дотации, извршени се и измени и дополнувања на финансиските планови на сите општиски корисници на блок-дотации.