Изградба на две нови улици во Гевгелија
Во тек се градежни работи за изградба и асфалтирање на
две улици во Гевгелија. Во стопанската зона „Блокотехна“ се врши асфалтирање на дел од улицата. Додека, на улицата „Новопланирана 9“, во северниот дел на градот, при крај е изградбата на оваа нова улица, која опфаќа уредување на тротоарите со рабници и нејзино асфалтирање.
Градоначалникот на општина Гевгелија изврши увид при изведувањето на градежните работи на овие две улици, кои според него се oд големо значење за граѓаните на општина Гевгелија. Со изградбата на дел од улицата во стопанската зона „Блокотехна“, се подобруваат условите за проток на сообраќајот и пристапот до индустриските објекти. Додека, со изградбата на улицата „Новопланирана 9“ се овозможува сообраќајно решение за поврзување на улицата „7 Ноември“, на патниот правец Гевгелија- Негорци, за граѓаните кои живеат во станбените објекти.
Зафатите се реализираат со средства од Општинскиот буџет, согласно Програмата за подобрување на патната инфраструктура во Општина Гевгелија за 2022 година.