Работна средба на градоначалникот Сарамандов со францускиот амбасадор Бомгартнер
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
денеска, оствари работна средба со францускиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер во фокус на образованието и изучувањето на францускиот јазик и култура во училиштата во општина Гевгелија. Покрај тоа, стана збор и за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за процесот на пристапување и приближување на Македонија кон Европската Унија. Пред Бомгартнер, од Сарамандов беше изнесена и информација за предизвиците со кои се соочува Општина Гевгелија и за проектите кои се имплементирани и се имплементираат во општината со поддршка од Европската Унија.
Исто така, беа посетени ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, каде на средбата со директорите и наставниците по француски јазик, Бомгартнер беше запознат со изведувањето настава по француски јазик во училиштата во Гевгелија.
По работната средба и посетата на двете училишта, градоначалникот Сарамандов и амбасадорот Бомгартнер дадоа изјава за медиумите.