Собрани 45 единици крв на Крводарителската акција на „Аполонија“ и ОО Црвен крст- Гевгелија
На вчерашната, втора по ред за годинава,
Крводарителска акција на хотел „Аполонија“ и ОО Црвен крст- Гевгелија, која се реализираше во просториите на хотел „Аполонија“, беа собрани 45 единици крв. 45 граѓани од општина Гевгелија, од кои вработени во хотел „Аполонија“, како и останати граѓани кои се пријавија за учество, уште еднаш ја потврдија својата хуманост со дарувањето крв на традиционалната крводарителска акција на „Аполонија“ и ОО Црвен крст- Гевгелија, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.
Организаторите ја изразија својата благодарност до сите крводарители за успешната акција и постигнатата цел- поттикнување на граѓаните за приклучување во хуманата мисија и нови собрани единици крв за спас на нечии животи.