Во тек е изградбата на стационар за бездомни животни
Во завршна фаза е изградбата и уредувањето на
Стационар за бездомни животни, беше констатирано при извршениот увид од страна на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и директорот на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, Раско Чочков. Изведбените работи на објектот крај Прoчистителната станица се во тек, а во рамките на ЈПКД „Комуналец“ се формира нова организациона единица, која ќе се занимава со третирање на кучињата- скитници.
Активностите за адаптирање на посебниот објект за прифатилиште на кучињата скитници се одвиваат согласно стандардите на Агенцијата за храна и ветеринарство. Со отворањето на стационарот, се решава еден од горливите проблеми во градот што го предизвикуваат кучињата- скитници.