Промоција на платформата за туризам и туристичкиот потенцијал на Општина Гевгелија
Утре, во Гевгелија ќе бидат промовирани првите резултати
од туристичката платформа на Општина Гевгелија за утврдување на туристичкиот идентитет. Покрај промоцијата на туристичката платформа, ќе бидат претставени петте туристички столба за туристичкиот потенцијал на Општината. Исто така, ќе биде презентирано и новото туристичко лого, како и веќе изработените промотивни материјали. Во рамките на Кампањата за утврдување на туристичкиот идентитет на Општина Гевгелија, изработени се брошура, флаери и промо-видеа, како и веб-страната за промоција на туристичкитите капацитети и погодности во Гевгелискиот Регион.
Промоцијата ќе биде одржана во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 12:00 часот.