Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи 17 свечена седница
Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата
17 свечена седница по повод празникот 7 Ноември- Денот на слободувањето на Гевгелија. На седницата, која е закажана за утре (4 ноември, 2022 година), а ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот, ќе се работи по следниот дневен ред:
1. Oбраќање на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по повод 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија.
Покрај членовите на Советот на Општина Гевгелија, на свечената седница, ќе присуствуваат и поканети гости- претставници на Здружението на борците од НОВ од Гевгелија, делегации од збратимените Општини Инџијa- Република Србија, Јабланица- Република Босна и Херцеговина, Севлиево- Република Бугарија, пријателските Општини: Разлог- Република Бугарија, Гвозд- Република Хрватска и Велика Кладуша- Република Босна и Херцеговина, како и претставници на другите Општини од државата, локалните институции и установи и бизнис-заедницата.