Водата за пиење во Прдејци може да се користи само како техничка
ЈПКД„Комуналец“ ги известува водокорисниците во Прдејци
да не ја користат водата од системот за водоснабдување за пиење и готвење, туку исклучиво за техничка намена. Забраната ќе важи се додека не биде издадено соопштение до јавноста за исправноста на водата за пиење. Во меѓувреме, ЈПКД„Комуналец“ обезбеди цистерна со вода за пиење, која ќе им биде ставена на располагање на граѓаните од Прдејци.
Водата е заматена поради скинатата цевка на долниот дел од цевководот, преку кој водата од резервоарот се пренесува во населеното место. Екипите на ЈПКД„Комуналец“ работат на санирање на цевководот, но, работите се оптежнати поради надојдените води во реката и поројните врнежи од дожд. Веднаш по отстранувањето на дефектот и проверка на квалитетот на водата за пиење, водоснабдувањето во Прдејци, пред се, со вода за пиење, ќе биде нормализирано. Дотогаш водата од водоводот во Прдејци може да се користи само како техничка, нагласуваат во ЈПКД„Комуналец“ во Гевгелија.