„Гевгелиски магазин“ ќе биде достапен во електронска форма
Излезе во објава електронската верзија на
„Гевгелиски магазин“ бр. 98. Имено, Општина Гевгелија информира дека отсега, па натаму, новите изданија на општинското гласило „Гевгелиски магазин“ ќе бидат достапни во електронска форма.
Најновиот број на општинското гласило донесува информации за реализираните проекти на Општина Гевгелија од значење за граѓаните преку отчетот на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по изминатата една година од преземањето на градоначалничката фунција. Исто така, информира за реализираните настани и активности за 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Општина Гевгелија.
„Гевгелиски магазин“ донесува и посебен прилог за туристичката презентација на Општина Гевгелија и по тој повод разговор со Марија Костадинова, одговорен координатор на Проектот за промоција на туристичкиот идентитет на Општина Гевгелија и преземените активности за поголема туристичка промоција. Во електронското издание на „Гевгелиски магазин“ за месец ноември, може да се најде и интервјуто со академскиот ликовен уметник, Борис Петров, по повод 72 години од неговото уметничко творештво. Покрај ова, „Гевгелиски магазин“ изобилува и со информации од спортските збиднувања во последните неколку месеци, а неколку текстови се посветени и на младите.
Електронските изданија на новите броеви „Гевгелиски магазин“ ќе бидат достапни на официјалната веб-страница и Фејсбук-страница на Општина Гевгелија.