Во Гевгелија, премиера на „Биби и Боби во Снешковград“
Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, во пресрет на
Новата година, за најмалата публика организира кинопроекција на анимираната детска авантура „Биби и Боби во Снешковград“. Анимираната детска авантура ќе биде прикажана на 17 декември, 2022 година (сабота), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 12:00 часот. Влезниците во претпродажба, по цена од 100 денари, можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија во периодот од 08:00 до 15:00 часот и на самиот ден пред проектирањето на анимираниот филм.
„Биби и Боби во Снешковград, во продукција на „Светот на Биби ДОО Скопје“, е новогодишна авантура на Биби и Боби заедно со снешкото Гого кои патуваат кон Снешковград за да ја дочекаат Новата година. Но, зошто во градот на Снешковците е пусто и тивко и никој нема да ја прославува Новата година, ќе дознаат дечињата на 17 декември, од: Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Сашка Димитрова и Никола Ристановски. Филмот е наменет за целата публика, односно за деца од предучилишна и училишна возраст.
Режисери на филмот се Никола Чикос, Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, по сценарио на Билјана С. Црвенковска.