Обука за подготовка на родово-сензитивни програми на Општина Гевгелија
Вчера, во Општина Гевгелија беше спроведена обука
на тема: „Подготовка на Програма за еднакви можности на Општина Гевгелија“, спроведена од „Ехо“ Едукативно-хуманитарна организација од Штип. Обуката, наменета за општинската администрација, како и за членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија, се реализираше во рамки на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на еднакви можности на жените и мажите за 2022 година.
Имено, при подготовката на Програмата за 2023 година преку методологијата за родово одговорно буџетирање беа утврдени приоритетните области и цели, можните решенија и облици на делување и дефинирани родово-сензитивни индикатори од работните групи, како пример за подготовка и на останатите програми кои ги носи Советот на Општина Гевгелија.