На 21. седница, Советот на Општина Гевгелија ќе расправа по Предлог-Буџетот за 2023 година
Советот на Општина Гевгелија, на 27 декември, 2022 година,
ќе ја одржи својата 21. седница. На последната седница за 2022 година, Советот на Општина Гевгелија ќе расправа по Предлог-Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година и неговото извршување. Притоа, на усвојување ќе следат и буџетските Програми за 2023 година, за: уредување на градежното земјште; изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта; работа во областа на располагањето со градежното државно земјиште на подрачјето на општина Гевгелија; изработка на урбанистички планови; финансирање, одржување и заштита на објекти од културно наследство, споменици и други објекти; поставување урбана опрема; одржување на јавно осветлување, активности во областа на ЛЕР и прекугранична соработка; комуникација и транспарентност; активности од областа на заштитата и спасувањето и справувањето со кризи; активности во областа на социјалната заштита; работа на Локалниот младински совет и работа на Советот на Општина Гевгелија. Седницата ќе биде одржана во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на 21. седница, е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Буџет на Општина Гевгелија за 2023 година,
2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година,
3. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници вработени во Општина Гевгелија за 2023 година,
4. Предлог-Буџетски календар на Општина Гевгелија за 2023 година,
5. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште во Општина Гевгелија за 2023 година,
6. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта во општина Гевгелија за 2023 година,
7. Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Гевгелија за 2023 година,
8. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2023 година,
9. Предлог-Програма за финансирање, одржување и заштита на објекти од културно наследство, споменици и други објекти во општина Гевгелија за 2023 година,
10. Предлог-Програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Гевгелија за 2023 година,
11. Предлог-Програма за одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија за 2023 година,
12. Предлог-Програма за активностите на Општина Гевгелија во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) и прекуграничната соработка за 2023 година,
13. Предлог-Програма за активностите на Фондацијата за локален економски развој и развој на информатичките технологии (ФЛОРИТ)- Гевгелија за 2023 година,
14. Предлог-Програма за комуникација и транспарентност во Општина Гевгелија за 2023 година,
15. Предлог-Програма за активностите од областа на заштитата и спасувањето и справувањето со кризи на подрачјето на општина Гевгелија за 2023 година,
16. Предлог-Програма за активностите во областа на социјалната заштита за 2023 година,
17. Предлог-Правилник за утврдување критериуми, услови и постапка за доделување еднократна парична помош,
18. Предлог-Програма за работа на Локален младински совет на Општина Гевгелија во 2023 година,
19. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Гевгелија за 2023 година,
20. Предлог-Одлука за обезбедени средства во Буџетот на Општина Гевгелија наменети за надоместок за експропријација на недвижен имот за изградба на објекти од јавен интерес од локално значење за 2023 година,
21. Предлог-Одлука за определување на широчината на крајбрежниот појас на реките Сува Река, Вардар и Рауљ во опфатот на Детален урбанистички план за Блок 12, општина Гевгелија,
22. Предлог-Одлука за определување на широчината на крајбрежниот појас на коритот на суводолица „Дол 1“ во опфатот на Детален урбанистички план за Блок 15.11, општина Гевгелија,
23. Предлог-Одлука за усвојување План на локален економски развој на Општина Гевгелија 2023-2026 година,
24. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2023 година,
25. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2023 година,
26. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2023 година,
27. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2023 година,
28. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2023 година,
29. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2023 година,
30. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2023 година,
31. Предлог-Решение за разрешување член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија.