Објавена на продажба една градежна парцела за домување во станбени згради
Oпштина Гевгелија објави продажба на градежнa парцелa
во сопственост на РСМ, со намена домување во станбени згради. Градежната парцела бр. 58 се наоѓа на м.в. „Пазар“, КО Гевгелија, на површина од 1.102 метри квадратни. Почетната цена по метар квадратен за парцелата за домување во станбени згради изнесува 2.570 денари.
Продажбата на градежната парцели ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање. Заинтересираните правни и физички лица пријавите за учество на јавното наддавање треба да ги достават по електронски пат на следната интернет-страница: www.gradezno-zemjiste.mk, до 23.01.2023 година.
Јавното наддавање за градежната парцела за домување во станбени згради ќе се одржи електронски на следната интернет-страна www.gradezno-zemjiste.mk, на 25 јануари, 2023 година, со почеток од 09:00 и во времетраење од 15 мин.
Повеќе информации за целата постапка можат да се најдат на следниот линк: Објава бр.01/2022.