Нова комунална и патна инфраструктура на улица „Серменинска“ во Гевгелија
Со асфалтирањето на улицата „Серменинска“ во Гевгелија,
завршија градежните активности за целосна реконструкција и поставување атмосферска канализација на истоимената улица. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид при крајот на изведбените работи за подобрување на комуналната и патната инфраструктура во Серменинското маало.
Притоа, упати апел до граѓаните за трпеливост поради градежните активности на неколку локации во градот кои во одредени моменти го отежнуваат нормалното движење на сообраќајот. Но, треба да се има предвид дека се активности од суштинско значење за решавање на долгогодишните проблеми со канализирањето на атмосферските води. Со нова атмосферска канализациона мрежа ќе биде покриена една третина од градот, во должина од 6.388 метри.