Решени поголемиот број барања од граѓани преку Систем 48
Минатата година, преку Систем 48 до Општина Гевгелија
пристигнале вкупно 292 барања од граѓани на општина Гевгелија. Од нив, 236 се решени, 34 се одложени, а 22 незапочнати. Најголемиот број на барања се однесуваат за интеревенции во уличното осветлување 148, од кои 136 се решени. 76 барања биле од делокругот на работењето на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија (решени 68), 36 барања за надзор од општинските инспектори (решени 30), а 32 за интервенции во патната инфраструктура, од кои решени се само 2, во надлежност на Општина Гевгелија.
Инаку, Систем 48 е една од алатките во Општина Гевгелија, со која на граѓаните им се овозможува телефонски или по електронски пат да ги пријавуваат проблемите, за кои надлежна е општината. Поточно, по пријавеното барање, надлежните општински служби и ЈПКД „Комуналец“ да постапат за решавање, достават одговор за преземените мерки во рок од 48 часа или да ги упатат граѓаните до надлежните државни органи и институции за решавање доколку пријавениот проблем не е во надлежност на локалната самоуправа. Заради поголема ефикасност на Систем 48 часа, на почетокот од минатата годината, во Општина Гевгелија беа преземени активности за навремено решавање и постапување по сите пријавени проблеми.