Во 2022, пристигнати 20 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер
Во текот на 2022 година, до Општина Гевгелија пристигнале 20 барања
за слободен пристап до информации од јавен карактер. Според Годишниот извештај за посредување со информации од јавен карактер за 2022 година, барањата биле поднесени од 8 физички и 10 правни лица.
Најголемиот број од барањата се однесуваат за структурата на вработени во општинската администрација (податоци за раководни лица, образование, статистички податоци по пол, националност, плати и контакт- податоци) и информации за младинските политики и учество на младите во општествениот живот. На сите 20 барања, општинските служби одговориле позитивно.