Градоначалникот Сарамандов оствари средба со грчката амбасадорка Филипиду
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
денеска, оствари работна средба со грчката амбасадорка во државата, Н.Е. Софија Филипиду, заедно со претставници на Конзуларното претставништво. На средбата во Општина Гевгелија, се дискутираше за повеќе теми- соработката помеѓу двете земји и продлабочување на добрососедските односи, особено, преку реализација на проекти во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција, како и заедничкото аплицирање за средства од фондовите на Европската Унија.
Притоа, градоначалникот Сарамандов истакна дека секојдневното присуство на грчките граѓани во Гевгелија за локалната самоуправа е дополнителна мотивација за локалниот економски развој и развивањето туристички потенцијали, но и основа за развивање на меѓупријателските односи и остварување на заедничките цели за добробитот на двете земји.