Достава на понуди за сертифицирање лични асистенти на лица со попреченост
За реализација на грантот во рамки на
проектот: „Подобрување на социјалните услуги“, а за воспостаување на услугата Лична асистенција на подрачјата на општините Гевгелија и Богданци, давателот на услугата ОО Црвен крст- Гевгелија објави барање за доставување понуди за спроведување верифицирана обука за сертифицирање на лични асисенти на лица со попреченост, согласно верификувана Програма за образование на возрасни. Барањето е објавено на страната на Бирото за јавни набавки.
Условите и потребните квалификации за доставување на понуди се: даватателот на обуката да биде лиценциран за вршење дејност од областа образование на возрасни за давање на социјалната услуга лична асистенција, да не постои судир на интереси со давателот на услугата, обуката да се реализира на подрачјето на општина Гевгелија од 20 февруари, 2023 година и по завршување на обуката на учесниците да им се издаде сертификат.
Заинтересираните понудувачи треба да ја достават следната документација: формулар за пријава за верификуван спроведувач на обука, решение за верификација на посебна програма за образование на возрасни, решение за верификација на институција за образование на возрасните за реализација на посебна програма за образование на возрасни и изјава дека понудувачот нема судир на инереси со давателот на услугата.
Понудите треба да се достават во електронска форма на електронската пошта на ОО Црвен Крст- Гевгелија: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со назнака: „Понуда за спроведување обука за лична асистенција на лица со попреченост“. Крајниот рок за доставување на понудите е 6 февруари, 2023 година. За најповолна понуда ќе биде избрана онаа која ги исполнува наведените услови и квалификации со понудена најниска евалуирана цена.