Излезе новиот број на електронското издание на „Гевгелиски магазин“
Излезе првиот број на електронското издание на
општинскиот гласник „Гевгелиски магазин 98“ во 2023 година. Јануарскиот број на „Гевгелиски магазин“ информира за активностите на Општина Гевгелија, како и за работата на органите на локалната самоуправа во текот на 2022 година. На страниците во весникот, е застапено интервjуто со гевгеличанецот Петар Толев, за неговата дипломатска кариера и афирмацијата на Македонија ширум светот.
Новиот број на е-изданието на „Гевгелиски магазин“ се навраќа на настаните и случувањата во 2022 година кои придонесоа за збогатување на културата и развој на спортот, како и активностите на младите гевгеличани во повеќе сфери од општественото живеење.
Oпштинското гласило „Гевгелиски магазин 98“ е достапен за граѓаните во електронска форма и е објавен на официјалната веб-страница на Општина Гевгелија.