Огласи за набавка на компјутерска и канцелариска опрема и велосипеди
За реализација на грантот од МТСП во рамки на
проектот: „Подобрување на социјалните услуги“, а за воведување на услугата лична асистенција на подрачјата на општините Гевгелија и Богданци, ОО Црвен крст- Гевгелија распиша Огласи за набавка на компјутерска опрема, канцелариска опрема и велосипеди. Потребната тендерска документација за трите огласи е објавена на официјалната веб-страница на Општина Гевгелија и на Бирото за јавни набавки.
Понудите во хартиена форма треба да се достават на следнава адресa: Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Гевгелија, ул. „Ѓорѓи Велков“ бр.12, 1480. Крајниот рок за доставување на понудите е 17 февруари, до 16:00 часот.
Прилози: