На 13 февруари, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи 23. седница
Советот на Општина Гевгелија, на 23. седница,
која ќе се одржи на 13 февруари, 2023 година, ќе расправа за Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година (за периодот 1.01-31.12.2022 година и Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година. На оваа седница, Советот на Општина Гевгелија ќе ги разгледува и Извештаите за реализација на буџетските Програми за: уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија; изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија и активностите на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита и еднаквите можности на жените и мажите за 2022 година.
Исто така, на седницата ќе се расправа и за финансиската поддршка на носители на проекти од областа на спортот и културата и финансиската поддршка на Месните заедници и НВО-секторот во 2023 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. На седницата ќе се работи по следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, за периодот 1.01-30.12.2022 година- Кумулатив,
2. Предлог-Завршна сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година,
3. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2022 година,
4. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2022 година,
5. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита за 2022 година,
6. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2022 година,
7. Предлог-Програма за финансирање на програмите и проектите од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2023 година,
8. Предлог-Програма за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2023 година,
9. Предлог-Програма за финансирање на проекти, манифестации и значајни настани на Месните заедници во општина Гевгелија за 2023 година,
10. Предлог-Програма за финансирање на проекти од областа на НВО во општина Гевгелија за 2023 година,
11. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијативата за изработка на Измена и дополнување на ДУП за дел од Блок 14.1, КО Гевгелија, општина Гевгелија (барател: Митко Караколев од Гевгелија),
12. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијативата за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А 4.1- Згради за времено сместување со апартмани и студија на КП 7608, КП 7642/1 и КП 7642/2, КО Гевгелија, општина Гевгелија (барател: Ленче Жарко од Гевгелија),
13. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување градежно земјиште за градење фотоволтаична центрака до 1 МW во кругот на прочистителна станица за отпадни води Гевгелија, ГП 1.1, КП 101/2, КО Гевгелија,
14. Предлог-Решение за давање согласнот на Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија,
15. Предлог-План за запишување ученици во I година средно образование во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија во 2023/2024 година,
16. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2023 година,
17. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2022 година,
18. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2023 година,
19. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2023 година,
20. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2022 година,
21. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2023 година,
22. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2023 година,
23. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2022 година,
24. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2023 година.