Четворица пожарникари од ТППЕ- Гевгелија испратени на помош во Турција
Во знак на солидарност и поддршка, Општина Гевгелија
испрати четворица пожарникари од ТППЕ- Гевгелија на помош и давање придонес во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес во Република Турција. Имено, со едно специјализирано возило и соодветна опрема, Кирил Калинов, Димитар Ѓоргиев, Горан Митков и Дејан Иванов од ТППЕ- Гевгелија заминаа да бидат дел од спасувачките екипи за извлекување на жртвите. Пред тргнувањето на пат кон Турција, беа посетени од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Патрик Матх.
Градоначалникот Сарамандов изрази сочувство на семејствата на загинатите и брзо закрепнувањена повредените.