Работна средба на градоначалникот Сарамандов со членовите на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија
По усвојувањето на Програмата за работа на
ЛМС на Општина Гевгелија во 2023 година, членовите на Локалниот младински совет остварија работна средба со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. На средбата, стана збор за извршување на буџетот предвиден за реализација на активностите во Програмата за работа, со кои ќе се придонесе за подобрување на статусот на младите во општина Гевгелија.
Првенствено, за афирмација на Локалниот младински совет преку отворање на канцеларија за млади, со која на членовите ќе им се овозможат услови за непречено работење и координирање, спроведување и следење на сите прашања кои се од интерес на младите во делокругот на надлежностите на Општина Гевгелија. Притоа, градоначалникот Сарамандов беше информиран и за претстојната јавна дебата „За сите млади кои имаат идеја“ во организација на ЛМС на Општина Гевгелија, која ќе се одржи на 9 февруари, 2023 година, во Народниот театар- Гевгелија, на која ќе учествуваат млади луѓе на возраст од 15 до 29 години.
Имено, Локалниот младински совет на Општина Гевгелија започна со афирмацијата на неговата работа преку продукција на поткасти на Инстаграм- профилот mladinskisovet.gvg.