Јавна дебата за застапување на младинските интереси
Локалниот младински совет започна со активности
за афирмација на младинското тело на Општина Гевгелија и зајакнување на соработка со младите од општина Гевгелија, со цел застапување на интересите и реализирање активности согласно нивните предлози, иницијативи и идеи. Во Малата сала на Народниот театар, Локалниот младински совет одржа дебата на тема: „За сите млади кои имаат идеја“ со ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и основните училишта во Гевгелија.
Имено, пред аудиториумот членовите на ЛМС и службеникот за млади се претставија и ги презентираа надлежностите на младинското тело и усвоената Програма за работа во 2023 година. Исто така, низ дискусија беа идентификувани и потребите на младите од општина Гевгелија кои ќе бидат земени предвид во изработката на Стратегијата за млади на Општина Гевгелија и акциониот план за реализација на активности од значење за младите во областа на спортот, културата, неформалната едукација, заштита на животната средина и сл.