Советот на Општина Гевгелија одобри 200.000 денари за помош на настраданите во Турција и Сирија
Советот на Општина Гевгелија, на својата 23. седница,
доденсе Oдлука од Општинскиот буџет да бидат издвоени 200.000 денари финансиска помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Покрај оваа парична помош, Општина Гевгелија испрати четворица пожарникари од ТППЕ- Гевгелија, како дел од републичките сили за заштита и спасување, кои заминаа во спасувачка мисија во пријателска Турција, за што од Општинскиот буџет беа издвоени посебни средства.
На оваа седница, со мнозинство гласови, Советот на Општина Гевгелија ги усвои Кварталниот извештај за извршување Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, за периодот 01.01-31.12.2022 година. Исто така, членовите на Советот расправаа и ги усвоија Извештаите за реализација на двете најголеми буџетски Програми - за уредување на градежното земјиште и за изградба, реконструкција, одржување на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2022 година, како и Извештаите за реализација на Програмите за активностите на Општина Гевгелија за 2022 година во областите на социјалната заштита и заштитата на децата и еднаквите можности на жените и мажите.
Со мнозинство гласови, на 23. седница беа усвоени четирите Програми за финансиска поддршка на носителите на проектни и програмски активности од областа на културата, спортот, активностите на Месните заедници и НВО-секторот од општина Гевгелија во 2023 година. Вкупниот буџет за финансиската поддршка преку овие програми тежи 17.200.000 денари. Од областа на урбанизмот, беа прифатени иницијативи од подносители за Измени и дополнувања на ДУП за дел од Блок 14.1, КО Гевгелија, изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена а 4.1- Згради за времено сместување со апартмани и студија на КП 7608, КП 7642/1 И КП 7642/2 КО Гевгелија, а беше донесена и Одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за градење на фотоволтаична централа во кругот на Прочистителна станица за отпадни води Гевгелија.
Советот на Општина Гевгелија даде согласност на Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2023 година и на Планот за запишување ученици во прва година средно образование во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2023/2024 година. Исто така, беа усвоени и Извештаите за работа на Јавните општински установи Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2022 година и нивните Финансови планови и Годишни програми за работа во 2023 година.