Минатата година издадени 122 одобренија за градба
Минатата година во општина Гевгелија забележано е заживување на изградбата
на нови станбени и стопански објекти. Во Оддлението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина во општина Гевгелија, во 2018 година, согласно Законот за градење, биле издадени вкупно 122 одобренија и решенија за градба. Најголемиот број од овие одобренија се однесуваат на индивидуални станбени објекти и деловно-станбени објекти. Во прв ред, во станбените населби Караорман и Мрзенски рид, каде што од страна на општината за продажба беа понудени градежни парцели за продажба преку јавно наддавање.
Дел од издадените одобренија се однесуваат и на новоизградените стопански капацитети во стопанската зона Сува река, кај Гевгелија. Општина Гевгелија преку досегашните објави за продажба на градежни парцели, понуди неколку парцели за продажба, наменети за изградба на стопански капацитети, во оваа стопанска зона.