Изменет сообраќаен режим на ул. „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
Градежната фирма „Жикол“ продолжува
со изведбените работи за изградба на атмосферска канализација на улицата „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија. За таа цел, се известуваат граѓаните дека во периодот од 6 до 21 март, од 08:00 до 16:00 часот, улицата ќе биде блокирана за одвивање на сообраќај.
Општина Гевгелија апелира до граѓаните да го пренасочат сообраќајното двиежење по околните улици, односно лево и десно ако се доаѓа откај зградата на Општина Гевгелија кон „Јосиф Јосифовски“, а доколку се доаѓа откај кружниот тек на Старата касарна по улицата „Јосиф Јосифовски“ да се пренасочат право кон улицата „Ристо Бојмалиев“.