И годинава, преку ЈИПР ќе се спроведе дезинсекцијата против комарци
И годинава, на територијата на целиот Југоисточен Регион,
ќе се спроведе третирањето против комарци. Ваквата одлука беше донесена на 15. седница на Советот за развој на ЈИПР, на која градоначалниците се согласија за заемна активност- спроведување на дезинсекцијата на подрачјата на 10. општини. Заради навремено извршување на прскањата, беше заклучено во најбрз рок да се распише јавна набавка за прибирање најповолна понуда.
Третирањата против комарци предвидуваат повеќекратни ларвицидни и авионски прскања против ларви од комарци и возрасни комарци.