До 27 март, трае пријавувањето за учество на јавното наддавање за петте парцели на „Караорман“
Општина Гевгелија огласи на продажба 5 градежни парцели
за домување во станбени куќи, сопственост на РСМ. Градежните парцели за домување во станбени куќи се наоѓаат на дел од КП 392/104, КО Гевгелија, на местото викано „Караорман“. Површините на парцелите се движат од 309 до 599 метри квадратни, а почетната цена по метар квадратен изнесува 61 денар.
Продажбата на петте парцели ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање (www.gradezno-zemjiste.mk), на 29 март, 2023 година, почнувајќи од 09:00 до 11:00 часот, во траење од 15 минути за секоја огласена парцела посебно. Заинтересираните правни и физички лица пријавите за учество на јавното наддавање треба да ги достават по електронски пат на следната интернет-страница: www.gradezno-zemjiste.mk, до 27.03.2023 година.
Повеќе информации за целата постапка можат да се најдат на следниот линк: https://www.gevgelija.gov.mk/.../urban.../Objava_01-2023.pdf.