Врачени плакети на граѓани од општина Гевгелија за 5, 10, 25 и 50 крводарувања
Црвен крст- ОО Гевгелија го одбележа 17 Март-
Денот на формирањето на Црвен крст на Македонија и Денот на крводарителството со врачување Плакети на граѓани од општина Гевгелија за 10, 15, 25 и 50 крводарувања и подароци од Општина Гевгелија на крводарителската акција во Народниот театар- Гевгелија. На свечениот настан, присустуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој им ги врачи Плакетите на петте граѓани со 50 крводарувања: Блаже Здравковиќ, Драган Делев, Горан Трајков, Никола Лазаров и Мите Ангелов, заблагодарувајќи им за нивниот придонес во спасувањето човечки животи. Имено, упати и честитки до Црвен крст и сите крводарителите од општината по повод Денот на формирањето на Црвен крст на Македонија и Денот на крводарителството.
Од страна на секретарот на Црвен крст- ОО Гевгелија, Лазар Мешков, им беа врачени Плакетите на граѓаните од општина Гевгелија за 10, 15 и 25 крводарувања. ОО Црвен крст Гевгелија како дел од Црвениот крст на РМ им се заблагодари и им честита за придонесот и ангажманот на сите сегашни и поранешни вработени, волонтери, партнери и поддржувачи за придонесот во реализацијата на нашите хуманитарни заложби и цели во текот на долгогодишното постоење. Раководството изрази посебна благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв за спас на нечиј живот.
На крводарителската акција по повод двата празника беа собрани 81. единица крв.