Пролетна акција на ЈПКД „Комуналец“ за хортикултурно уредување во градот
Со пролетната акција на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија
за хортикултурно уредување, посадени се 258 дрвца на различни локации во градот. И тоа: 120 багремови дрвца на старата депонија кај Сува Река, 20 багремови дрвца на каналот „Рауљ“, 8 дрвца јасен на улица „Железничка“, по 20 дрвца бреза и 10 дрвца јасен на пешачката патека и зелена површина на улица „Гоце Делчев“, по 25 дрвца бреза и 10 дрвца јасен на паркот на и долж улицата „Маршал Тито“ 20 јасен и 15 дрвца бреза, и 5 дрвца бреза и 5 дрвца јасен во дворот на Пионерски дом- Гевгелија. Пролетната акција за хортикултурно уредување на јавните површини ќе продолжи и во наредниот период.
Имено, согласно Програмата за работа на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2023 година, Претпријатието одржува јавни паркови во градот на површина од 38.000 м.2, а околу станбените објекти 45.680 м.2.