Бејби Петрушевска до солзи ја насмеа гевгелиската публика
Stand up настапот „Влези, не се соблакај“ на
Весна Петрушевска Бејби- раскажувања за преживеаните згоди и незгоди, ја насмејаа публиката во Народниот театар - Гевгелија, која 2 часа уживаше во нејзиниот монолог и глума. Од детството, па досега, на комичен начин изнесе детали од нејзиниот приватен и професионален живот, на кои предизвици одговорила како што и прилега на една храбра и силна жена. Мама Бејби допре до публиката со нејзината благодарност за многобројната посетеност и неколкуте завршни збора, пренесениот апел- колку е важно човекот да води грижа за сопственото ментално здравје и да си посвети внимание самиот себе, како би можел да посвети внимание и води грижа и за другите околу него.
Гевгеличани долго ќе го паметат овој културен настан, благодарение на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија кој беше главниот виновник за да им овозможи на љубителите на културата вечер исполнета со насмевки и задоволнoст.