Работна средба на градоначалникот Сарамандов со министерката Шукова
Министерката за животна средина и просторно планирање,
Каја Шукова, при посетата на Општина Гевгелија оствари средба со градоначалникот на oпштина Гевгелија, Андон Сарамандов. На средбата, беше разговарано за утврдените приоритети во Општина Гевгелија за изградба на нови водоводни линии, канализациони системи, прочистителни станици и други проекти, кои се од посебно значење за граѓаните. Но, се и дел од заедничките настојувања на локалната самоуправа и Министерството за животна средина и просторно планирање за заштита на животната средина.
На средбата, исто така, беа разменети информации за тековните и планираните активности на Општина Гевгелија, пред се, за подобрување на комуналната инфраструктура во населените места. Но, и за реализација на подготвените проекти, кои ќе придонесат за поголема заштита на животната средина во општина Гевгелија. Министерката Шукова го информираше домаќинот за начините на кои Министерството може да ја поддржи Општината за реализација на планираните проекти преку тековните Програми на Министерставото, како и пристапот до нив. Притоа, ги најави јавните повици за одделни области од делокругот на работењето на Министерството за животна средина и просторно планирање, на кои Општина Гевгелија може да учествува, за изработка на техничка документација или со веќе подготвените проекти за реализација.
Министерката Шукова и градоначалникот Сарамандов ја посетија старата депонија кај Сува Река. При увидот беше констатирано дека по дислоцирањето и ревитализацијата на локацијата, старата депонија е веќе минато за Гевгелија. На локацијата во непосредна близина кај Прочистителната станица, поранешното ѓубриште е уредено во простор со засадена трева и садници дрвја. Проектот го реализираше Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Швајцарската агенција за развој, а со финансиска поддршка обезбедена од целосно неискористениот грчки грант за Прочистителната станица.