Санирани клупите за седење на јавните површини во Гевгелија
ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, изминативе денови,
спроведе акција за санирање на урбаната опрема во Гевгелија. Поточно, беа санирани оштетените клупи за седење на повеќе локации во градот. Со акцијата за санирање на клупите за седење беа опфатени Градскиот плоштад, како и парковите и зелените површини пред колективните станбени згради.