Завршени 84% од изведбените работи на атмосферската канализација
- Завршени се 84% од изведбените работи на
атмосферската канализација во Гевгелија и проектот влегува во завршна фаза на реализација, информираа од стручниот надзор на проектот при увидот на градежните активности што го направи градоначалникот на oпштина Гевгелија, Андон Сарамандов. Од страна на надзорот, исто така, беше информирано дека во следниот период ќе започне и изградбата на атмсферска канализација крак 2 - на потегот од железничката станица до Градската библиотека. Вкупната должина на новата атмoсферска канализација изнесува 6.500 метри и се поставува на една третина од територијата на Гевгелија.
Градоначалникот Сарамандов, уште еднаш, повика на трпение кај граѓаните, бидејќи динамиката на изведбените работи ја одредуваат правилата во градежништвото. Започнато е со интензивно затворање и асфалтирање на ископаните улици и ровови по завршените градежни работи во првата фаза. Нашата цел е, нагласи тој, да оставиме реализиран проект со долгогодишен бенефит и затоа изградбата треба и мора да биде квалитетна и според сите стандарди.