Уште еднаш, Лидија Вукичевиќ во Гевгелија со улога во „Обвинителка“
Гевгелија, уште еднаш, ќе биде почестена со гостувањето
на српската актерка, Лидија Вукичевиќ, со главната улога во комедијата „Обвинителка“, која ќе биде изведена на 24 април, во Народниот театар- Гевгелија. Претставата, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ќе започне по 19:30 часот. Картите за претставата се пуштени во претпродажба по цена од 200 денари, а можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија, во работните денови од 08:00 до 15:00 часот и на самиот ден пред почетокот на претставата.
Во претставата, чиј автор е Огнен Неделковски, а режисер Сашо Ристовски, покрај Лидија Вукичевиќ, играат Магдалена Ризова- Черних и Сашо Ристовски. Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимографијата на Елена Лука, а музиката на Мишел Трајковски. Претставата ја отсликува денешницава на еден многу суптилен начин. Оваа комедија ги третира актулните општествени прашања: Како е да си обвинителка? Како е да си обвинет? Кои цели се користат за спасување од обвинение? Претставата е резултат на меѓународна соработка на македонски уметници со уметник од Србија.