Наменско возило за лица со попреченост, донација од „Ице Бегов“ за Општина Гевгелија
Фондацијата „Ице Бегов“ од Скопје, основана за поддршка
на социјално-загрозени лица и лица со попреченост, и донираше на Општина Гевгелија наменско возило со пристапна рампа, наменето за превоз на лица со телесен инвалидитет и друга попреченост.
На потпишувањето на договорот и примопредавањето на возилото, за кое Советот на Општина Гевгелија, на својата последна седница донесе Oдлука за прифаќање на оваа донација, градоначалникот на oпштина Гевгелија, Андон Сарамандов, ја искажа својата благодарност за овој хуман гест на Фондацијата и членовите на потесното семејство на Ице Бегов, нагласувајќи дека наменското возило ќе биде од големо значење не само за Општина Гевгелија туку и за сите корисници од социјално-загрозените и ранливи категории, корисници на бесплатниот превоз, кој го организира Oпштина Гевгелија.