Голем интерес за локалната сервисна услуга „Секое дете со својата автентичност“; Одржана првата работилница
Во рамките на проектот:
„Секое дете со својата автентичност“, со кој се воведе локалната сервисна услуга за родителите, чии деца се во фаза на раниот развој, во просториите на ОО Црвен крст- Гевгелија, се одржа првата работилница од серијата 8 работилници кои ќе бидат спроведени во рок од 4 месеци.
Дека, овој проект е од особено значење и има потреба од неговото воведување, покажа големиот број пријавени родители кои ја проследија првата работилница на тема: „Типичен развој на деца од 0 до 6 години“, а на која од страна на ангажираните стручни соработници пред родителите беа презентирани фазите на развој по возраст и домени, како и алармантните отстапки во развојот. Притоа, од развиената дискусија со родителите, се дојде до заклучокот дека од нив најмногу зависи правилниот раст и развој на детето.
ОО Црвен крст- Гевгелија, кој е носител на проектот, поддржан од Општина Гевгелија, како и стручните соработници, истакнаа дека посебно им е драго што се движат во правилна насока, поттикнувајќи ги родителите да размислат како треба да постапуваат со своите деца во раниот развој, најавувајќи ја следната работилница во мај.