Зголемен Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година
Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година од
вкупниот износ 573.605.801 денар е зголемен на 592.670.290 денари, со Одлука на Советот на Општина Гевгелија што ја донесе на вчерашната 26. седница. Зголемувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година во делот на дотациите за 19.064.489 денари се должи на вишок приходите од претходните години.
Со зголемувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, овие средства се пренесуваат на потпрограмите и расходни потставки на Буџетот на блок-дотации, и тоа, 7.567.645 денари за основно образование, 10.410.300 денари за средно образование, 212.874 денари за библиотекарство, 500.000 денари за музичка и сценско-уметничка дејност и 373.670 денари за детски градинки.